Сексуално насилство го пријавила сестрата на силуваната жена, која во полицијата пријавила дека нејзината 44 годишна сестра ја силувал невенчаниот сопруг и уште неколку други лица.
Од СВР Струмица велат дека жената која го пријавила случајот рекла дека врз нејзината 44-годишна сестра била извршена обљуба од Б.Н. од струмичко село, со кого таа невенчано живеела, и од уште неколку лица.
Се работи на расчистување на случајот, соопштија надлежните институции.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
