Вести Македонија

Полицајка нападнала обвинителка и ја изгребала раката обидувајќи се да си земе записник од сопствено сведочење

Полицајка вработена во СВР Битола, надвор од работно време нападнала обвинителка во обид да и земе записник од сведочење. Инцидентот се случил вчера попладне каде полицајката била викната како сведок на рочиште.

По завршувањето на рочиштето, полицајката го побарала записникот од сведочењето, но судот и одговорил дека не може да добие бидејќи како сведок не и следува според Закон за кривична постапка.

Таа ја почекала обвинителката која проверувала во предметот и истото и го кажала за копија од записникот. Тогаш полициската службеничка почнала да вика и да и го влече предметот од раката на обвинителката. Предметот се скинал, а полицајката ја повредила обвинителката односно ја изгребала по раката во која и бил предметот.

Според информации на Телма, полицајката имала неколку покани за сведочење пред битолскиот суд во повеќе постапки и кога добила покана за вчера не знаела за точно кој предмет се работи. Таа е од Демир Хисар, а била вработена во СВР Битола.

Во соопштението МВР најави соодветна пријава за својата вработена:

На 13.01.2022 во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријавила дека околу 14.00 часот, додека била на работното место, по претходно недоразбирање со С.К. околу записник за дадено сведоштво, С.К. почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила Ж.К.Б.. С.К. од страна на полициски службеници од Основен суд е отстранета од просториите на обвинителството. Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.по прстот ко

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе