Вести Македонија

ВИДЕО: Запалени контејнери со ѓубре во Тетово, Касами побара полицијата да го истражи случајот

Жителите во центарот на Тетово вчера околу 23 часот беа доведени во опасност поради пожар во четири контејнери за отпадоци кои се поставени до една од зградите во комплексот Ловец.  Станарите сведочат дека се појавила голема огнена стихија, по кое следело гаснење на пожарот.

Градоначалникот Биљал Касами се обрати преку социјалните мрежи нарекувајќи го страшен чинот  на палење ѓубре.

-Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна, истакна Касами.

По гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вработените во ЈКП Тетово-одделение за комунална хигиена веднаш ги остранија остатоците од запалениот смет и контејнери и ги заменија со нови садови за оставање на отпад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе