Македонија Најважни

Македонија стана дел од ОБСЕ тројката

На актуелниот претседавач со ОБСЕ, Полска и минатогодишниот Шведска, од денеска им се придружи и Македонија. Заедно ќе го сочинуваат триото претседавачи, познато како ОБСЕ тројка. Со ова и формално почнаа нашите обврски во пресрет на претседавањето идната година со најголемата регионална безбедносна организација во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери.

Македонија го презема претседавањето со Групата на медитерански партнери – Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис. Ќе ја организира и Медитеранската конференција, а потоа го презема и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата. Целосното преземање на претседателството ќе биде во 2023 година.

Во меѓувреме, во мисијата во Виена треба да се упатат 15 дипломати, но Министерството  има проблем со нивниот избор. Според сегашниот закон, за еден дипломат повторно да замине на мисија треба од завршувањето на претходната, да има престој од 24 месеци во МНР.

Државата веќе ги утврдува приоритетите за претседавањето, кои треба да ги претстави во мај. Прво се прават внатрешни консултации со нашите министерства, а во првите шест месеци Османи ќе ги  посети неколкуте земји учеснички за да ги чуе нивните очекувања. За реализација на активностите кои произлегуваат од претседавањето со ОБСЕ, веќе е предвиден и буџет од 110 милиони денари, или  1.800.000 евра.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе