Вести Свет

Претставничкиот дом на САД препорача кривично да се гони поранешниот шеф на кабинетот на Трамп

Претставничкиот дом на САД, кој има мнозинство демократи, гласаше да му препорача на американското Министерство за правда да поднесе кривична пријава против Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, поради тоа што не се одзвал пред истражен одбор на Долниот дом на Конгресот да сведочи за нападот  врз Капитол Хил на 6 јануари.

Резултатот од синоќешното гласање беше 222 „за“ и 208 „против“.

Двајца републиканци, конгресменот Лиз Чејни од Вајоминг и Адам Кинзингер од Илиноис, кои се членови на истражниот комитет, гласаа заедно со демократите за поднесување кривична пријава против Медоус, јави Си-Ен-Ен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе