Вести Ковид19 Свет

Омикрон се шири со невидена брзина

Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина и веќе е регистриран во 77 земји, но Светската здравствена организација се сомнева дека вирост го има во повеќето земји, иако сѐ уште не е детектиран. Генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека иако светот смета дека Омикрон варијантата не предизвикува многу тешки симптоми, сепак пандемијата досега нѐ научи дека не треба да го потценуваме вирусот.

Најновите медицински истражувања покажуваат дека сегашните вакцини против Омикрон создаваат многу помалку антитела во споредба со другите варијанти, многу земји решението го гледаат во давањето трета бустер доза. СЗО смета дека сѐ уште нема доволно податоци дали третата доза ќе биде ефикасна против оваа варијанта, и предупредува дека ваквата политика повторно ќе доведе до нееднаква распределба на вакцините.

Гебрејесус смета дека давањето трета доза на групи со ниско ниво на ризик од тешка болест или смрт, ги загрозува животите на оние кои се соочуваат со висок ризик и кои сѐ уште ја чекаат првата доза поради нееднаквиот пристап до вакцини.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

(Видео) Украински дронови го нападнаа регионот околу Санкт Петербург – напад што Русија го опиша како „без преседан“

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе