Вести Свет

На Арктикот измерена температура од рекордни 38 степени

Светската метеоролошка организација (СМО) ја потврди температурата од 38 Целзиусови степени измерена во рускиот град Верхојанск на 20 јуни 2020 година, како нов рекорд на температура за Антарктикот.

Верхојанск се наоѓа во источен Сибир, на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг, и таму се следат метеоролошки податоци од 1885 година.

Според веб-страницата на СMO, просечните температури над Арктичкиот Сибир биле дури 10 степени над нормалата во поголемиот дел од минатото лето, што доведе до големи пожари.

Генералниот секретар Питер Талас изјави дека во 2020 година е поставен нов температурен рекорд (18,3 степени Целзиусови) на  Антарктик.

„Истражувачите на СMO во моментов работат на проверка на температурните отчитувања од 54,4 степени забележани во 2020 и 2021 година во најтоплото место во светот – Долината на смртта во Калифорнија и да потврдат нов европски температурен рекорд од 48,8 степени на Сицилија ова лето“, изјави Талас.

Тој истакна дека СMO никогаш не работела во исто време за да потврди толку многу температурни рекорди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе