Вести Македонија Најважни

СДСМ денеска избира нов лидер

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица го оствари правото на глас на вонредните внатрепартиски избори.

Не сакаше да даде изјава за медиумите.

Според Викторија Мадиќ, претседателка на ЦИК на партијата, сите 194 гласачки места во 80 општини биле отворени навремено, во 08.00 часот изутрина. Гласањето  се одвива непречено, без застои, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од КОВИД 19.

Членовите кои не успраа да се регистрираат за време на предвидениот рок, денеска се регистриаат на гласачките места, по што можат да го остварат своето право на глас. Сите членови на СДСМ со електронска членска картичка имаат право на глас. За 3 часа од отворањето на сите избирачки места излезноста е 12 отсто што е добар податок, изјави Мадиќ. 

Гласачките места се отворени до 19.00 часот до кога и трае гласањето. 

СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе