Вести Свет Топ вести

Тепачка меѓу пратениците во турскиот Парламент

За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Пратеникот од Бурса од редовите на ЦХП му се обрати на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и го праша за Сезгин Баран Коркмаз, бизнисмен кој моментално е во затвор во Австрија, кој се соочува со бројни обвиненија во Турција и САД, вклучително и перење пари, поткуп и измама.

Шефот на пратеничката група на ЦХП, Еркан Ајдин, го праша Сојлу: Зошто се качивте во авионот на Сезгин Баран Коркмаз? Вашата слика е објавена. Рековте дека нема друг авион. Ќе му кажеве на претседателот“. Како одговор на ова, како што пренесува Б92, министерот Сојлу рече: Вие лажете, вие сте измамник. На тоа Ајдин „му вратил“, па Сојлу уште повеќе се налути.

Интервенирајќи меѓу двајцата, заменик-претседателот на парламентарната група на ЦХП и потпретседател на ЦХП, Вели Агбаба, се обиде да ги смири страстите.

Но, во расправата се вклучија повеќе пратеници. По острата вербална расправа пратениците станаа. Најпрво дојде до меѓусебно пцуење на пратениците, по што следеше тепачка со тупаници.

Поради инцидентот седницата беше прекината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе