Вести Македонија Топ вести

Наместо на конкурс директорите се бираат со партиски пазарења-Антокорупциската комисија постојано предупредува дека тоа е незаконски

Трофејот на денешниот ден за борба против корупцијата го однесоа в.д. директорите кои полека станаа нормален вид во администрацијата кој што се пополнува по политички договори, по партиска линија или по непотизам наместо по знаење и способност. Иако антикорупциска комисија постојано предупредува дека фотељите се пополнуваат со погрешни луѓе, никој не ја слуша, а младите стручњаци си заминуваат.

Во обраќањето беа спомнати и други политички поставени пречки, пример е кога Собранието ја усвоило стратегијата за борба против корупција, па после два месеци самото ја прекршило.

Странските претставници даваа и ќе даваат поддршка, додека домашните политичари велат дека постојано се преземаат мерки за искоренување на корупцијата со разни програми и нови закони. .

Алармот постојано го држат вклучен граѓаните, но иако упорно свети црвено-корупцијата им е постојано пред очите, видлива и неказнета.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хутите подготвени да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД нападне иранска енергетска инфраструктура

Tea Dimkovska

Протести во Киев по смената на министерот за одбрана

Tea Dimkovska

„Поплавено ми е се дома, никаде ги нема, а кога требаат гласови, први се“ вели битолчанка по поројниот дожд во Битола

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе