Топ тема

Маричиќ за Топ Тема: Мониторингот не смее да значи влијание врз суштината на процесите, ниту пак на нивниот исход

Мониторингот на судски случаи не е новитет во нашиот систем, има и домашни и меѓународни организации кои со години мониторираа судски случаи и нивен тек, изјави Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за Топ Тема, на прашањето за најавениот странски мониторинг на повеќе случаи како Диво Насеље и Монструм, кое ќе се спроведува на барање на најновиот партнер во владата, партијата Алтернатива.

“Ние немаме проблем за било кој случај да биде мониториран, ни од домашни, ни од меѓународни експерти. Секако тоа не може и не смее да значи, а гледам дека за тоа се огласи и Судскиот Совет и тоа е во ред. Не смее да значи дека треба да се влијае на суштината на тие процеси, ниту пак на нивниот исход. Дел од тие процеси, веќе и беа повторени. Значи, по два пати биле пресудени.Пресудите, одлуките и обвиненијата се работа на обвинителството и на судската власт, односно на судовите. Извршната власт нема намера да се меша во работата на судската власти и на обвинителството.” – изјави Маричиќ.

Според министерот за правда, оцена за работата на обвинителите и судиите е задолжение на Судскиот Совет и Советот на обвинителите.

“Ние сме се обврзале како влада да побараме мониторинг од Европската Унија. Дали тие тоа ќе го прифатат, ќе видиме и во која форма. Кога минатиот пат побаравме, за случајот висока корупција, веќе 20 случаи се набљудуваат и таму има случаи кои исто така се звучни. Сите скоро се случаи на СЈО а има и други, каде што има и доскорешни функционери опфатени во тие случаи” – изјави Маричиќ.

Министерот за правда негира дека ќе биде направено било што кое ќе го загрози правниот систем, барање на меѓународен мониторинг, на Европската Унија, структура чија членка сакаме да станеме, не е против меѓународните конвенции.

“Ние не бараме меѓународни обвинители, ниту меѓународни судии. Бараме мониторинг на овие случаи. Доколку се нафати Европската Унија ќе бидеме благодарни, доколку не постојат рамки и домашни организации да го прават тоа ” – подвлече Маричиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

Топ Тема интервју со поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе