Македонија Топ вести

Тројца кандидати во трка за претседател на СДСМ

Отфрлена е кандидатурата на  Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од Куманово, кој пројави амбиции да стане претседател на партијата. Не го исполнува условот од статутот, најмалку еднаш да бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Во игра остануваат тројца кандидати, за кои членството ќе треба да се изјасни на внатре-партиски избори. Актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, кандидатурата ја достави со програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“. Вели дека, доколку биде избран, останува отворен за разговор со сите сегашни и минати фукционери, како и со членови кои сметаат дека можат и сакаат да придонесат да се врати довербата во партијата и да се обедини членството.

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, пак,  веќе изработи и изборен постер. На својата интернет страница  објави во кои сѐ партиски тела членувала и вели дека очекува поддршка од сите искрени членови на СДСМ – младите, жените и старите заборавени борци. „Не е време за дворски игри, подметнувања и суети – време е да засукаме ракави за победа“, пишува Ременски.

Директорот на ТИРЗ,  Јован Деспотовски, кој вчера последен се кандидираше, ја достави програмата „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето.„Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „кој“, туку од „како“ и „каков човек или луѓе“ ни се потребни.

Внатре-партиските избори се закажани за 12 декември, а право на глас ќе имаат сите членови на СДСМ кои ќе се регистрираат како гласачи.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе