Македонија

Нова влада или реконструкција?

Политичката криза ќе се продлабочува предупредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и само брзи предвремени избори може да бидат излезот. Изборите според него ќе се случат за многу кратко време а тоа ќе го побараат владејачките партии. Дали ќе има нова влада или реконструкција, Мицкоски не знае, но тврди дека Заев е заложник на ДУИ.

ДУИ останува на ставот дека нова влада нема да има, туку тоа ќе биде само реконструкција.

Сметаме дека Заев треба да продолжи да биде на чело на Владата затоа што претстојат битни процеси во државата и дополнителни проблеми не ни се потребни.Преговорите со Алтернатива за зголемување на парламентраното мнозинство ќе се заокружат во текот на идната недела.Реконструкцијата треба да ја направи Зоран Заев и тоа за онолку министерски места колку што ќе и се дадат на Алтернатива, велат од таму.

СДСМ ќе го чека исходот од внатрепартсиките избори, а по изборот на новиот лидер ќе одлучат дали тој ќе биде и нов мандатар. Сметаат дека  Владата во овој момент е пред сериозни предизвици со кои што ќе треба да се соочи земјата во наредниот период – пандемијата, енергетската криза, како и решавањето на спорот со Бугарија, со цел што поскора интеграција во ЕУ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе