Вести Македонија Топ вести

Во 16 часот истекува рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ

Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски засега се тројцата официјални кандидати за претседател на СДСМ.

Рокот за поднесување кандидатури истекува попладнево во 16 часот. Дотогаш се очекува Јован Деспотовски да соопшти дали ќе биде четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.

Деспотовски вчера изјави дека одлуката ќе ја донесе денеска, дека сериозно размислува да се кандидира. Смета дека може да понуди  нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Според него, добро е што има повеќе кандидатури зашто тоа, според него, го покажува демократскиот капацитет на партијата, но покажува и дека има луѓе што се подготвени во комплицирано време да понесат одговорност и да се справат со предизвиците. Ковачевски и Ременски кандидатурите за претседател на СДСМ ги поднесоа во средата, а Алексовски вчера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе