Македонија Топ вести

Со два воени авиони, од Бугарија утре ќе бидат донесени посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа

Македонската амбасада во Софија ги изготвила сите листови за пренос на телата таканаречени спроводници и со дозвола од македонска страна за преземање на посмртните останки, официјалниот дел за последниот пат на 45 жртви од кои 12 деца е завршен. Во капелата на судска медицина во Софија во тек е подготовка на посмртните останки откако синоќа успешно заврши идентификацијата на сите загинати. Во целиот процес учествуваа и двајца професори од судска медицина во Скопје каде беа земени примероци за ДНК идентификација.

Последните подготовки ги прават вработени во АД Бутел кои се во Бугарија. Оваа фирма е ангажирана за транспорт на починатите кој ќе биде организиран утре претпладне со воени бугарски авиони.

Истрагата за причината за несреќата уште траат, најголема мистерија е пожарот кој го уништи автобусот и во кој останаа 45 жртви. Досега нема никаква официјална информација од што изби и зошто бргу се прошири пожарот во автобусот на Беса транс.

Сопственикот на Беса транс е во Бугарија иако таму не се води истрага против него, но тврди дека е во Софија за да помогне во истрагата. Скопското обвинителство отвори предмет за лиценците и начинот на функционирање на Беса транс, откако беше утврдено дека кобниот автобус ја напуштил државата со лиценца за друг автобус и немало извадено документи за него за учество во меѓународен сообраќај. Иако без документи за 400 дена колку што Беса транс го поседувала автобусот, тоа возило успеало да излезе преку граница 135 пати. Тоа значи дека автобусот секој трет ден без соодветна лиценца ја минувал границата. Последното патување заврши на 23-ти ноември на автопатот Струма во близина на бугарскиот град Перник.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Повеќе од 100 лица приведени за време на протестите во „Сити“ колеџот во Њујорк

Дејан Дејан

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Дејан Дејан

ЈСП денес вози по неделен возен ред, додека жичницата на Водно со 2 часа продолженост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе