Македонија Топ вести

Директорот на ТИРЗ можен кандидат за претседател на СДСМ

По 25 години членство во СДСМ, актуелниот директор на ТИРЗ размислува да се кандидира за челната позиција во партијата. Јован Деспотовски најави дека ги прави последните анализи и консултации со семејството по што ќе ја донесе конечната одлука.

На прашањето, како ги коментира кандидатурите на Фросина Ременски и Димитар Ковачевски, Деспотовски вели дека сега е поважно прашањето како, отколку кој. Добро е, вели, што се покажува дека во партијата има луѓе кои се подготвени да преземат одговорност, но и товар во овие моменти.

Кандидатура вчера најави и поранешниот долгогодишен организациски секретар на СДСМ, Миле Зачевиќ. Но, денеска на нашето прашање дали ќе ја поднесе, одговори дека, според статутот, членството треба да ги предложи кандидатите за претседател на партијата. За него клучно прашање во овој момент е дали неговата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството или „дополнително може да ги влоши и онака лошите услови во кои се наоѓа партијата“. Многу кандидатури, вели, можат да предизвикаат бурни реакции внатре во членството. Дефинитивната одлука ќе ја донесе утре.

До партиското седиште до сега стигнаа две кандидатури: едната на заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски и на поранешната потпретседателка на партијата, Фросина Ременски. Ковечевски, со кандидатурата ја достави и својата програма, а изјави дека главна заложба ќе му биде да го врати единството во партијата и општеството. Ременски, пак, вели дека, цел и мотив на нејзината кандидатура се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога во партијата се носеле тешки одлуки.

Од опозицијата се убедени дека, фаворит на Заев е Ковачевски.

Внатрепартиските избори во СДСМ треба да се одржат на 12-ти декември. Кандидат може да биде секој кој е член во партијата најмалку пет години и најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот за член во некој од партиските органи. Кандидирањето може да биде на предлог на членството, на предлог од претседателот, генералниот секретар или Извршниот одбор, како и со самокандидирање.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе