Македонија

Телата на жртвите од несреќата ќе пристигнат утре, на плоштадот „Скендербег“ оддавање почит и следење на поворката

Посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.

По пристигнувањето, како што наведува МНР,  поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да поожат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов денеска изјави дека останките на 45-те македонски граѓани утре наутро од Бугарија во земјава ќе бидат транспортирани со два воено-транспортни авиона.

Несреќата на автобусот на „Беса транс“-Скопје  се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, седум беа повредени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе