Вести Македонија Топ вести

СДСМ ќе одлучува за оставката на Заев, Алтернатива за влез во Влада

Највисоките партиски тела на СДСМ вечерва ќе расправаат за оставката на лидерот на партијата Зоран Заев. Ставовите се поделени, некои сметаат дека во овој момент тој не треба да се повлече од лидерската позиција други пак  дека тоа е демократски чин. Вечерва и Алтернатива ќе пресече, дали ќе биде дел од новата Влада или ќе остане во опозиција.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе носат одлука дали ќе ја прифатат понудената оставка на претседателот на партијата Зоран Заев кој ја даде веднаш по соопштувањето на резултатите од локалните избори на кои повеќе градоначалници доби ВМРО ДПМНЕ. Доколку партиските тела ја официјализираат оставката тогаш Извршниот одбор треба во рок од 15 дена да распише внатрепартсики избори за нов лидер. Изборите се непосредни, со тајно гласање на сите пријавени членови. Заев претходно соопшти дека е пожелно новиот претседтаел да биде и нов мандатар со што не се согласуваат сите членови. Дел од нив сметаат дека новиот претседател треба да ја консолидира партијата и да избере ново раководство, па затоа подобро би било да има друг мандатар. Со оставката на Заев во оставка е целото раководсво на партијата. Во оставка се и заменик претседателот Сања Лукаревска, Генералниот секретар Љупчо Николовски како и четворицата потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Венко Филипче и Фатмир Битиќи.Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека на државата и му е потребен квалитетен СДСМ.

Вечерва и највисоките партиски тела на Алтернатива ќе носат одлука дали ќе бидат дел од новата Влада или пак ќе останат во опозиција. Мислењата на членството се поделени.,, Логично е да има спротиставени ставови затоа што пред речиси две недели сите четворица пратеници се потпишаа на иницијативата да се урне оваа Влада, а сега треба да се одлиучи дали ќе бидеме дел од таа Влада. Дополнителен проблем може да предизвика и фактот што  Алтернатива и Алијанса на Албанците на локалните избори настапија со заеднички листи за градоначалници и за советници, па незивесно е како понатаму ќе делуваат тие. ,, вели за Телма висок функционер на Алтернатива.Минатиот петок се одржа и средба на Заев и Гаши каде официјално беше дадена поканата за влез во Владата и е оставена можност партиските органи да дискутираат за неа и да се произјаснат.Од одлуката на Алтернатива ќе зависи и тоа дали ќе се зголеми парламентарно мнозинство и која партија евентуално ќе го добие мандатот за состав на Владата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лице од Крива Паланка делело бонови за гориво: МВР регистрирало низа нарушувања на предизборниот молк

Дејан Дејан

Израел со воздушен напад во Рафа во близина на египетската граница

Дејан Дејан

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе