Вести Македонија Топ вести

Пановски: Досега требаше да се направи скрининг за антитела кај невакцинираните

Очекувано беше Владата да се предомисли за мерките, кои ги предложи Комисијата за заразни болести за задолжителна имунизација на вработените во јавниот сектор или приложување на ПСР тест оценува за Телма, познатиот македонски микробилог Никола Пановски. Смета дека тоа се должи на избразност, недоволна анализа и многу прашања, кои Комисијата не ги одговори на јавност.

Според него досега  требаше да се направи скрининг за антитела кај невакцинираните, а особено кај младите луѓе.Смета дека властите да креираат долгорочни мерки , бидејќи според него во моментов недоставува силна кампања за имунизација на населението. Токму ова го користат и антиваксерите, кои постоајно ги бомбардираат луѓето и социјалните мрежи со дезинформации или полувистини, а здравствениот кадар во земјава, кој апелира и ја поддржува имунизацијата, какошто тоа го прави и тој честопати јавно го линчуваат и навредуваат. Едно е од решенијата и да се создаде тим.

Пановски предлага зајакнување на мерките, засилена кампањата, но и контролите за задолжително носење на маски, држење на растојаните, младите еден месец да се приберат во своите домови по 23 часот, ноќните клубови две до три недели да се затворат, па и какошто вели во декември учениците наставата да ја следат онлајн, со цел да се спречи или ублажи бранот. Според него овие превентивни мерки треба  сега да се направат, доколку  се чека да има повторно дневно над 1.000 заразени и по 50 починати, а тогаш се воведат ќе бидат задоцнети. Инаку светот и европските земји воведуваат порестриктивни мерки за своето население, а се  во паника и поради новиот сој на коронавирусот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе