Вести Свет

Францускиот парламент го потврди надоместокот за инфлација за 38 милиони Французи

Со последното гласање францускиот Парламент дефинитивно го одобри „надоместокот за инфлација“ од 100 евра обезбедени од владата за 38 милиони Французи, и покрај силните резерви и од десницата и од левицата, јави дописникот на МИА.

Надоместокот ќе треба да им се исплати на вработените, самовработените, пензионерите, невработените, примателите на минимални социјални бенефиции и стипендираните студенти кои примаат помалку од 2.000 евра нето месечно. Овој бонус, ослободен од данок, на крајот на декември ќе се исплати еднократно и автоматски на вработените од страна на работодавачите  и ќе им биде вратен од државата, а на почетокот на 2022 година за останатите категории, без да се прават побарувања.

Мерката е содржана во вториот амандмански предлог-закон за финансии за 2021 година, наречен „крај на управувањето“, усвоен со 39 гласа „за“ и 12 „против“.

Заменик-министерот Ањес Паниер-Рунашер ја пофали оваа мерка како „едноставна, брза и ефикасна“ во услови на раст на цените, особено енергијата.

Левицата посочи на оваа мерка како„ефемерна и лошо насочена“, или како „капка вода во буре нафта“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе