Македонија

Бугарија останува на цврстата позиција кон Македонија, но очекува резултати од меѓусебниот дијалог

Бугарскиот државен врв е непоспустлив кога станува збор за позицијата кон Македонија. Бугарскиот претседател Румен Радев, кој телефонски разговараше со комесарот за проширување Оливер Вархеји, му рекол дека Бугарија очекува дијалогот со Македонија да даде конкретни резултати. Но, во разговорот што го иницираше Вархеји, Радев инсистира на исполнување на бугарските барања. Фокусот во дијалогот со Македонија, Радев го става на значењето на правата на граѓаните во Македонија, кои отворено го демонстрираат бугарскиот идентитет, како и искоренување на јазикот на омразата, почит кон бугарската историја и киултурното наследство.

 Бугарија е отворена за дијалог, постави јасни прашања пред својот југозападен сосед и очекува одговори и реални дополнителни дејствија од страна на РС Македонија.

Радев, во разговорот со Вархеји вели и дека дневниот ред на меѓусебните односи меѓу Скопје и Софија не треба да биде под надворешни влијанија, да се води со ангажман од двете страни, кои ќе го придвижат напред и процесот на македонските евроинтергации.

Во телевизиско интервју за Бугарската национална телевизија, премиерот на техничката влада ги повтори цврстите позиции кон Македонија.

Конкретно, во однос на С. Македонија политиката и позицијата на Владата останува непроменета. Беше потврдена и вчера на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел. Тука нема изненадувања. Таа политика и поведението на Бугарија многукратно е кажана.

Јанев додава и дека бугарската позиција не била добро објаснета пред бугарското општество, ама не и пред партнерите на Унијата, ситуација што ја наследиле од претходната влада во мај.

Но, македонските власти сепак се надеваат дека решение.

Османи се надева дека решение со Бугарија е можно до Самитот на Европската унија, закажан за 16 декември. Иако, владини претставници ја оставија можноста решението да се најде и во јануари.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе