Македонија

Се префрла вината за тоа што превозникот Беса Транс немал лиценца за работа

Државниот инспекторат за транспорт вината за тоа зошто автобусот на Беса Транс немал лиценца ја префрла на царинската управа на Деве Баир. Инспекторот сепак вели дека тоа не влијаело на несреќата.

Од царината пак ,и покрај тоа што Tелма испрати прашања дали ќе истражуваат кои службеници го направиле пропустот, ни одговорија со линк од соопштение кое го објавиле на сајт.

Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на ГП Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез на предметниот автобус. Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин.

Од фирмата Беса Транс и денеска никој не одговара на повиците. Дел од телефоните се исклучени а дел кога ќе се јави женско лице веднаш исклучува кога ќе слушне дека се работи за новинар. Но токму останатите превозниците со кои разговараше Телма велат дека јавна тајна е дека цариниците се подмитуваат за да пропуштат и вакви превозници. Од Здружението на превозници пак проблем гледаат и во слабите контроли од инспекторите.

Деканот на Факултетот за безбедност пак во емисијата Топ Тема синоќа рече дека уште поголем проблем е што само една третина од превозниците се легални.

Вчера Министерството за транспорт објави дека фирмата Беса Транс имала лиценци за 4 автобуси за вршење меѓународен превоз на патници, но не и за автобусот кој изгоре во несреќата во Бугарија. Поради ова започна постапка за одземање на лиценцата на фирмата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе