Нашиот став е дека земјите од Западнот Балкан треба да бидаат членки на Европската Унија и тоа во скор рок, изјави на денешната конференција под називот “Отворен Балкан – пат кон стабилизацијата, соработката и просперитетот во регионот”, која се одржа во Белград, специјалниот американски пратеник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар.
Во таа насока, ние ја поддржуваме секоја економска интеграција која води во таа насока, значи се надеваме дека оваа иницијатива Западен Балкан, пред се ќе биде отворена за сите, како еднакви партнери. Потоа под 2, дека ќе ја унапреди законодавната и законската структура на Западниот Балкан, на нивото кое е неопходно за пристапување на Европската Унија.
“Значи нашата поддршка е условена со еднакво членство на сите и со тоа иницијативата да не им пречи на европските аспирации. Како пријател можам да ви кажам дека на тој пат ќе се соочите со повеќе предизвици. Ќе морате да изградите институции кои ќе ви помогнат да ги ублажите проблемите кои ги имате сега во регионот. Ако ја отворите границата, мора да имате и подобра контрола на границата. За Србија тоа значи дека границите со Косово и Република Српска ќе мора делотворно да се контролираат, како меѓународни граници. Исто така потребна е делотворност на судовите, намалување на корупцијата и најважно од се е намалување на контролата која државата ја има врз стопанството. Трите земји кои ја поддржуваат оваа иницијативе мораат да бидат отворени и да разговараат со трите партнери во регионот кои се скептични. Тие имаат причини за загриженост и тие мора да се земат предвид. Без сите 6 земји, оваа иницијатива не може да успее. Не можете да ветувате делотворен пренос на енергијата, телекомуникациите на пазарите, доколку сите 6 земји не се вклучени. Тоа едноставно не функционира. ” –изјави Ескобар.
