Свет

ЕП го изгласа буџетот за 2022 година, трошоци за мигранската криза и за заштита на животната средина

Европскиот парламент денеска го изгласа буџетот на Европска Унија за 2022 година и потврди дека негови приоритети се надминување на климатската и здравствената криза и мерки за младите.

На пленарната седница европратениците со 550 гласови „за“, 77 „против“ и 62 „воздржани“ го усвоија општиот буџет на ЕУ за 2022 година.

Европскиот комесар за буџет и човечки ресурси Јоханес Хан го оцени договорот меѓу Советот и Парламентот како европски потег.

– Првпат имаме повеќе средства за плаќања отколку за обврски, истакна Хан.

Додека словенечката министерка за надворешни работи Анже Логар во име на Советот на ЕУ наведе дека „позитивниот исход од преговорите покажува дека институциите добро соработуваат во одговорот на современите грижи“.

Зголемување од 50 милиони евра е постигнато за програмата за заштита на животната средина и климатски акции. Хенрик Хан, во име на клубот Зелени/ЕСС, како приоритети ги наведе климатските промени и заштитата на биолошката разновидност.

– Парите што ги инвестираме ќе покажат колку сме сериозни за зелениот план и Парискиот договор, истакна Хенрик Хан.

Претседателот на собраниската комисија за буџет, Ван Овертвелт повика на поголема солидарност во зајакнувањето на надворешните граници, бидејќи, како што наведе, тие земји ги даваат најголемите жртви за заштита на ЕУ.

– Буџетот за 2022 година предвидува големи трошоци за граничната полиција и за сузбивање на мигрантската криза на границата со Белорусија, каде режимот брутално ги искористува мигрантите, наведе Овертвелт.

Социјадемократот Виктор Негреску истакна дека буџетот е клучен за спроведување на Повеќегодишната финансиска рамка.

– Нашиот клуб поддржува 211 милиони евра за солидарност и социјални права, дополнителни 30 милиони за малите и средни претпријатија и околу 90 милиони за здравството, потенцира Негреску.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе