Вести Македонија

Екипата на Телма во Бугарија – потресни сведоштва на сведоците, преживеаните во стабилна состојба

Екипата на Телма, новинарот Миомир Серафиновиќ и снимателот Игор Јанковски и денеска ги пренесуваат најновите информации од Бугарија по ужасната автобуска несреќа, во која животот го загубија 45 луѓе.

Едно сведочење кое го пренесуваат е од градежен работник кој бил на околу 500-тини метри од местото каде се случи несреќата. Тој со уште еден колега пристапиле до автобусот каде слушнале ужасни повици  од луѓето во автобусот а ги забележале и луѓето кои успеале да избегаат од страотниот пожар во автобусот.

Иако сакале да им помогнат на патниците, тие сепак не можеле заради силниот оган.

Се уште не е дозволен пристап до местото на трагичната несреќа од страна на бугарската полиција, заради истражните активности кои се уште се во тек.

Нашиот репортер известува и за здравствената состојба на преживеаните патници, кои се сместени во болницата “Пирогов”. Според изјавите на лекарите, сите 7 преживеани патници се во стабилна здравствена состојба. Само еден од нив има повреда на р’бетот, заради која може да му биде извршена хируршка интервенција.

Пред болницата и денеска се присутни повеќе роднини на патниците кои ја преживеаја несреќата и сакаа да ги видат своите најблиски.

Дел од нив се уште се во шок од преживеаното и се под посебна нега од здравствените работници во бугарската болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе