Вести Свет

Навални по трет пат ја тужи управата на затворот во кој ја издржува казната

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални поднесе нова тужба против управата на затворот во кој ја отслужува казната.

На интернет страницата на рускиот суд се наведува дека подготвителното рочиште се закажано за 9 декември, но не и природата на тужбата.

Обвинет во случајот е управата на Казнената колонија бр. 2 на руската Управа за спроведување на затворски санкции на казнено-поправната служба во градот Покров, во централната Владимирска област, пренесе Тасс.

Претходните тужби против Казнената колонија бр. 2 на руската Управа за спроведување на затворски санкции беа предадени на Окружниот суд во Петушински, во Владимирската област, а беа разгледани во мај и јуни.

Во тужбите Навални бараше да се преиспита однесувањето на затворската управа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе