Македонија Најважни

Бугарски експерти тврдат: Имало траги на кочење на местото на несреќата, возачот не заспал

Полека се склопуваат деловите од сложувалката која треба да ја даде конечната слика како вчера дојде до тешката сообраќајна несреќа на магистралниот пат „Струма“ пред градот Перник во Бугарија. Последната информација која ја соопштија бугарските експерти за сообраќај е дека возачот не заспал на воланот, поточно дека бил буден кога дошло до несреќата и оти кочел уште пред првиот пат да удри во банкината.

На двапати има траги на кочење има. Првиот е малку пред автобусот да удри во банкината и вториот пат кратко пред да удри во втората банкина. За нас информацијата која ја добивме е – возачот на автобусот не заспал, малку пред местото се извршува реконструкција на патот каде што се преминува од едната лента во другата и каде што се стеснува патот. Значи, ако тој заспивал поголема е веројатноста несреќата да се случила таму, вели Румен Дунев, автомобилски истражител.

Дека возачот не заспал потврда стигна и бугарската Извршна агенција „Автомобилска управа“, чиј прв човек за бугарските медиуми меѓу другото информираше дека автбусот кој ја поминал турско-бугарската граница во 21.15 часот, растојанието од границата до местото на несреќата, од околу 320 киломтри, со се паузата, ја поминал за околу пет часа, што укажува дека тој возел со нормална брзина. Со истата брзина се движеле и другите три автобуси на Беса транс. На магистралиот пат „Струма“ максимална дозволена брзина е 120 км/час.

Со сигурност имало двајца возачи. Едниот загинал на местото за одмор во автобусот, каде одмарал вториот возач. Се надевам дека се смениле на местото на одморот пред несреќата, на влезот на магистралниот пат „Струма“, таму да се смениле, и нема причина возачот да не се одморил 30 километри претходно и да се случи несреќата. Можеби имало некаква друга причина за несреќата дали моментално невнимание, расеаност, дали некаква грешка на возачот или некаква друга техничка неисправност, но тоа ќе го утврдат истражните органи, информираше Бојко Рановски, Извршна агенција „Автомобилска управа“ на Бугарија.

Следното парче од сложувалката на катастрофалната несреќа која ќе ја решаваат истражителите е и дали автобусот се запалил пред да удри во банкината или потоа. Ќе се утврдува и дали експлозијата која се слушнала се случила пред ударот на автобусот во банкината или потоа. Од снимките од несреќата се гледа дека горела заштитината ограда во која прво удрил автобусот. Се проверува и дали на автобусот му пукнала гумата на тркалото.

Имаше траги од дупнати гуми, но не можеме да кажеме дали се од автобусот, но доколку му пукнала гумата, колку тој повеќе се движи, толку повеќе остатоци од гумата треба да останат, а ако гумата веќе се распаднала целосно треба да има траги од бандашот на асфалтот, вели Дунев.

Според Рудев токму тоа ги наведува експертите на помислата дека прво имало експлозија во автобусот, па потоа возачот почнал да се движи десно и да ја намалува брзината, па првиот удар автобусот многу малку преминал на левата лента. Враќајќи се на десната страна, Рудев смета дека возачот немал немал видно поле за да го забележи островчето во кое удрил.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе