Македонија

Двете страни на паркингот спроти „Холидеј Ин“ – помеѓу трошните куќи и грандиозните згради

Овој звук не е од камбаната на црквата „Богородица“ од другата страна на Вардар. Сега ова ќе биде секојдневие овде, спроти хотелот „Холидеј Ин“. Мајсторите се разработеа веќе на вториот ден од почетокот на градежните работи. Багерите сега можеби и почесто ќе ги има овде, отколку такси-возилата на нивната станица, на улицата веднаш до градилиштето.

На неколку метри од местото каде што работниците земаат замав со алатите и механизацијата, започнуваат куќите и се простираат понатаму во сè она што го сочинува Ново Маало. Глетката е веќе позната, овие куќи не се ништо сменети уште од кога се направени, ниту пак жителите од овде смеат да ги реновираат и да интервенираат. Станува збор за повеќе од 300 жители на оваа локација и тие најмногу им се израдуваа на мајсторите кои започнаа да работат. Со тоа, жителите се надеваат дека ќе бидат обесштетени кога ќе дојде време, а своите трошни куќи радо би ги замениле со квадрати во нови згради. Но, не сите се согласни за големи згради во ова најцентрално градско подрачје.

Куќите во распаѓање не се единствениот проблем којшто жителите на Ново Маало го имаат. Своите аргументи ги бараат и во ужасната инфраструктура за којашто морале самите да се потрудат да ја направат, за да имаат спас барем при поројни дождови.

Градежните работи спроти хотелот „Холидеј Ин“ започнаа вчера, а овде ќе се градат уште две згради дваесеткатници. МГ „Фешн“ првата зграда ја гради заедно со МПЦ која фигурира како сопственик на земјиштето, а за истата се уплатени комуналии во Градот и Општината, и тоа во висина од 2,4 милиони евра.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе