Вести Македонија Топ вести

Екипата на Телма пред болницата во Софија – потресно сведоштво на еден од преживеаните за пеколот низ кој минале патниците

Новинарот на Телма, Миомир Серафиновиќ и снимателот Игор Јанковски цел ден известуваат за најновите случувања по страотната автобуска несреќа во Бугарија.

Екипата на Телма, вечерва е пред болницата Пирогов, каде се хоспитализирани 7-мината преживеани патници од автобусот на Беса-Транс.

Пред болницата се присутни и повеќе македонски државјани кои се уште очекуваат официјална информација за судбината на своите најблиски кои биле патници во автобусот.

Еден од нив бил повозрасен човек кој емотивно раскажувал како чекал официјални вести за судбината на својот син и снаата.

Со еден од преживеаните патници во болницата разговарале и тимот истражители од МВР. Разговорот со сите преостанатите не бил дозволен од страна на бугарските лекари, заради шокот и психолошкиот ужас кој го преживеале патниците.

Тој патник, по потекло од Прешево, српски граѓанин, на истражителите им кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел.

Тој им кажал и дека бил буден кога се случила несреќата и го скршил прозорецот од автобусот низ кој успеале со сопругата и да излезат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе