Европскиот суд за човекови права во Стразбур бара одговори од Владата за состојбата на Камчев пред да донесе одлука за изрекување на времена мерка.
Во дописот од судот кој попладнево го објави одбраната на Камчев, на владата ѝ се дава рок најдоцна до 24 ноември, да го информира за барањето за издавање дозвола за влез на доктор/интернист во затворот за да му изврши преглед, а кое било испратено до Основниот Суд Скопје.
Одбраната тврди дека судот во Стразбур ја бара на увид одлуката, а доколку не е одлучено по барањето, ја повикува Владата да го извести за причините.
