Вести Македонија

Максим Димитриевски за СДСМ-обидот да го вратат во партија: Нема простор за договор со тие кои користеа груевистички методи, не сум излегол од партијата никогаш

Откако преку генералниот секретар на СДСМ ЉупчоНиколовски во интревју најави дека партијата „ќе се обиде да направи сè“ за да го врати кумановскиот градоначалник во партиските редови, Максим Димитриевски преку ФБ порача дека од партијата тој никогаш нема излезено.

-Изминатиот период притисоците кон мене и нашите поддржувачи беа огромни, доаѓаа од луѓе кои се нарекуваат “мои сопартијци”, нема простор за разговор ниту договор со такви кои што срушија се, излегоа од начелата на СДСМ и се користеа со груевистички методи. Нема да дозволам да бидам дел од нечии игри за собирање на евтини политички поени, мојот фокус во моментов е да ги реализирам сите ветени проекти за кои што добивме доверба од граѓаните притоа водејќи се по реални социјалдемократски начела, нагласува Димитриевски кој тврди дека со нетрпение ја очекува седницата на партискиот централен одбор.

-Со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус, но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба, коментира Димитриевски без да наведе на кого конкретно мисли, но потенцира дека СДСМ мора да претрпи промени и трансформација во начинот на практивање на власта.

Николовски пак во интервју за ТВ 21 оцени дека партијата и коалицијата предводена од СДСМ е модерна и отворена и ќе прави промени.

-Имајќи го најголемиот коалициски потенцијал и капацитет СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени што ги прави, а СДСМ се променува и победува, и верувам дека и овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици, изјави Николовски.

На дополнително прашање од водителот, „да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?“, Николовски одговори: „Ќе се обидеме да направиме сè, да“.

Димитриевски како независен кандидат победи на локалните избори за градоначалник во Куманово во директна битка во вториот круг со кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски. Тоа е прв пораз за СДСМ во Куманово на локални градоначалнички избори.

Сепка на партиските, советнички листи, коалицијата на СДСМ победи со околу 2 илјади гласа разлика пред независната листа на Димитриевски. Трето беше ВМРО-ДПМНЕ со над 8 илјади гласови.

Советот на општина Куманово засега не е конситуиран поради разноликоста на советничките групи. Досега е извршена една измена во директорските позиции во кумановските јавни претпријатија, и во ЈП Пазаришта наместо в.д. директорот, предлог на ДУИ, назначен е директор предложен од Алијансата на Албанците.

Во останатите големи јавни претпријатија како што е Водовод или комуналното „Чистота и зеленило“ нема промени на директорската позиција, покрај мандатите на избраните директори во редовна постапка, промените ќе зависат и од мнозинството кое ќе биде формирано на локално ниво.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе