Скопјани нема да останат со студени радијатори оваа зима, уверува претседателот на македонската енергетска асоцијација Димитар Кочовски.
Не исклучува покачување на цената на парното греење но сугерира и поскапување на струјата.
Надвор од пазарната логика е земја која увезува струја да има неколкукратно поефтина струја од земјите од кои ја купува.
Сепак поскапувањето треба да биде постено и внимателно а државата да најде начин да им помогне на ранливите категории но и на стопанството.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
