Вести Топ вести

Ќучуков: Прекраток е рокот за повлекување на бугарското вето пред Самитот на ЕУ

Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Северна Македонија, изјави за БНТ поранешниот бугарски заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Ќучуков. Тој, сепак, смета дека рокот за тргање на ветото за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ е прекраток.

– Во сегашните услови, кога во Бугарија претстојат преговори за формирање влада, нема начин да се донесе таква одлука пред самитот на ЕУ, вели Ќучуков.

Поранешниот висок бугарски дипломат смета дека е важно да се види дали декларираниот став на лидерите на „Промената продолжува“ Кирил Петков и Асен Василев за „нов пристап“ во преговорите со Република Северна Македонија, ќе се трансформира во евентуалната коалициска платформа на идната бугарска влада или ќе стане нејзина официјална политика.

Според него, позитивен е фактот што е изразена подготвеност за дијалог од страна на Бугарија, бидејќи дијалогот е единствениот начин да се најде решение.

Коментирајќи ја позицијата на Бугарија за Северна Македонија, Лубомир Ќучуков вели дека Франција и Холандија го користат она што се случува за да се претстават како позитивно настроени кон проширувањето.

За секоја земја е полтички непријатно да биде сопирачки фактор за проширувањето на ЕУ, а Бугарија, според поранешниот министер за надворешни работи, зазеде токму таков став.

Тој смета дека во пракса Бугарија ја изгубила сета своја предност како земја членка на ЕУ, бидејќи ниту една земја од Унијата не ја поддржува Софија.

Сепак, вели Ќучуков, Бугарија во последните шест месеци го преакцентира својот пристап кон Северна Македонија, откако во март годинава претседателот Румен Радев стави фокус на заштитата на човековите права на македонските Бугари.

– Така Бугарија успеа да излезе од кружната одбрана, и веќе понуди начин како да се реши проблемот. Меѓутоа, Бугарија мора да работи на изнаоѓање решение и тоа мора да биде взаемно и по пат на дијалог. Бугарија е заинтересирана да се најде такво решение бидејќи времето работи против бугарскиот интерес, изјави Љубомир Ќучуков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе