Откако им пропаднаа сите надежи дека ќе влезат во ЕУ, стотици Ирачани се вратија дома од Белорусија. По долги денови незивесност на полско- белоруската граница во влажната студена шума, денеска мигранти кои пристигнаа во Ирак веќе не ја носеа на себе тешката зимска облека. Раскажуваат за сите лоши работи кои ги преживеале.
– ИД ни ги уништи животите. Станавме раселени. Веќе осум години живееме во шатори и шаторите секогаш се палат и децата горат. Така, отидовме во друга земја, во Белорусија, но тие нè удираа со струја и нè прскаа со вода и гас врз нас и врз нашите деца. Ни се случија сите лоши работи ,вели
Зеина Калаф, повратник мигрант.
-Се договорив со еден шверцер и се упатив кон границата со Белорусија и успеав да ја поминам и стигнав до тампон зоната меѓу Белорусија и Полска. Областа нема покриеност со мобилен телефон. Така, бев фатен од белоруски стражар. Ми ги зеде пасошот и мобилниот телефон и ме задржа во шумата. Останав пет дена во шумата без храна, вода или интернет. Живеев на она што го најдов на земја, изјави Али Кадим – повратник мигрант.
Повеќето од мигрантите бегаат од конфликти и сиромаштија во Сирија и Ирак и се надеваат дека ќе стигнат до западна Европа. Полска нема да дозволи создавање на илегална мигранска рута од Источна Европа. Полскиот министер за внатрешни работи најави зајакното присуство на полицајци и војници на границата.
– Чекор по чекор ќе ја деескалираме ситуацијата на источната граница, на надворешната граница на Европската унија и ќе постигнеме успех на тој план, изјави Мариуш Камински, полски министер за внатрешни работи
Полските погранични власти ги обвинуваат белоруските дека користеле ласери, фрлале камења врз нивните полицајци. Во исто време додека трпат критики од активистите за човекови права дека со сила ги враќала мигрантите назад во Белорусија и ги спречувале да аплицираат за азил.
Белоруските офицери кои беа таму не само што ги заслепуваа полските офицери со ласери, туку и фрлаа камења врз нашите полицајци кога почнаа да ја поправаат бодликавата жица на оградата. Имаме извештаи дека тие белоруски офицери не биле само граничари, туку и претставници на други белоруски униформирани служби, рече полковник Ана Михалска, портпарол на полската гранична стража.
Најмалку 12 луѓе загинаа во пограничната областа во последните недели, меѓу нив е и едногодишно дете, чија смрт ја пријави полска хуманитарна организација. Во последните 24 часа 500 мигранти се обиделе илегално да ја преминат границата, а минатата година во исто време имало само 90 обиди. Белорусија негира дека ја инструирала кризата, поради која мигрантите влегуваат во земјата од летото и потоа се обидуваат да преминат во Полска, Литванија и Латвија.
Билјана Ставрова
