Индискиот премиер Нарендра Моди одлучи да ги укине трите контроверзни закони за фарми против кои фармерите протестираат повеќе од една година.
„Денес дојдов да ви кажам, на целата земја, дека решивме да ги повлечеме сите три закони за земјоделство“, рече Моди во обраќањето до нацијата.
„На седницата на парламентот што започнува кон крајот на месецов, ќе го завршиме уставниот процес за укинување на овие три земјоделски закони. Законите требаше да ги зајакнат малите земјоделци, но владата не успеа да убеди некои земјоделци кои се спротивставија на новите закони“, рече Моди.
Укинувањето на законите беше објавено на денот на фестивалот Гуру Пураб, кога се слави роденденот на основачот на сикизмот, Гуру Нанак и пред клучните избори во државите како Утар, Прадеш и Пенџаб.
Законската регулатива на која земјоделците се противат, воведена во септември минатата година, го дерегулира секторот, дозволувајќи им на земјоделците да продаваат производи на купувачите надвор од владините пазари на големо, каде што на одлегувачите им е загарантирана минималната цена.
Малите земјоделци велат дека промените ги прават ранливи на конкуренцијата од големите бизниси и дека на крајот би можеле да ја изгубат ценовната поддршка за основните производи како пченицата и оризот.
Владата на Индија истакна дека реформата на секторот, кој сочинува околу 15 отсто од економијата од 2,7 трилиони долари, значи нови можности и подобри цени за земјоделците.
Владата досега многу малку попушташе на долгите демонстрации што претставуваа еден од најголемите политички предизвици за Моди, кој по вторпат победи на изборите во 2019 година.
Во ноември минатата година, фармерите го ескалираа своето движење вртејќи се на периферијата на Њу Делхи, каде што кампуваа речиси една година, вклучително и во текот на зимата и бранот коронавирус што ја опустоши Индија на почетокот на оваа година.
Додека протестното движење на фармерите беше главно мирно, демонстрантите во јануари ги пробија полициските барикади за да упаднат во историската Црвена тврдина во центарот на главниот град.
Во судирите со полицијата еден демонстрант загина, а стотици беа повредени.
