Вести Македонија

Димитров во Мадрид на дебата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид ќе учествува на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ.Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, покрај Димитров на форумот ќе учествуваат државниот секретар за ЕУ на Шпанија, претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот. Тема на дискусијата ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата.Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во Шпанија и Фондацијата „Карлос де Амберес“ при што предвидена е и сесија на истакнати академски експерти од областа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе