Студентите главно се задоволни од квалитетот на високото образование во делот на теоретската настава, што не е случај со застапеноста на практичната и нејзиното спроведување, покажува истражувањето на Независниот академски синдикат за унапредување на квалитетот на високото образование. Дополнително студентите сметаат дека е ограничено нивното влијание како активни членови во академската заедница за подобрување на актуелните состојби во високото образование.
Предлозите кои се изработени се засновани токму на резултатите на квалитативното и квантитативното истражување од она што е направено, дадени се соодветни заклучоци и дадени се предлог мерки за подобрување на тие состојби и надминување на одредени состојби кои се присутни во нашето високо образование и наука, вели проф. д-р Неда Здравева, Правен факултет „Јустинијан Први“
Создавањето национален фундус на литература и издавачка дејност во високото образование е запоставен и студентите немаат доволно соодветна литература.
Не само странска литература, туку и домашна литература. Немаат пристап до дата база на податоци, знаеме дека се уште учат од скрипти и се остава впечаток за непрофесионалност на универзитетите. И затоа е потребно да се зголеми тоа финансирање за литература, смета проф. д-р Мира Беќар, Филолошки факултет „Блаже Конески“
И покрај тоа што Законот за високото образование стапи на сила пред повеќе од три години се констатира дека во уредувањето на одредени клучни прашања за квалитетот недостасуваат подзаконски акти и се предлага да бидат донесени со учество на пошироката стручна јавност.
Нина Стефанова
