Вести Македонија

Не се знае кога ќе заврши изградбата на Клиничкиот центар во Штип

Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип најавила оти  сака да се повлече, потврди доцна попладнево министерството за здравство. Причина за повлекувањето е  доцнење на изведбата,   како резултат на судски процес и блокада помеѓу изведувачот грчки Итеркат  и првичниот подизведувач, штипски Бетон.

  • За жал затекнавме процес на изградба со нецелосен проект кој доведе до судски спор во кој Министерството за здравство не учествува, а со тоа и стопирање на изградбата на Клиничка болница Штип. Проектот се обидувавме да го корегираме. Во договор со Министерството за финансии изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор, на што Министерството за финансии веќе работи, веднаш откако ќе се одглави процесот помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, односно ќе заврши спорот помеѓу овие две страни, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски синоќа во Топ Тема на Телма објави, а на денешната прес-конференција го покажа и документот, со кој банката, ги информира  институции.

Инаку изградбата на болницата чини околу 30 милиони евра,  тоа значи дека искористени се речиси 55 отсто од кредитот. Телма денеска беше пред градилиштето, кое од сите страни е обезбедено. Мештаните кои живеат на само неколку чекори од болницата велат дека и денеска е тивко, не е бучно како во едно големо градилиште, а во објектот има околу десетина  работници, кои работата на електриката.

Штипјани се разочарани, доколку изградбата на болницата биде целосна прекинати.Грчки Интеркат го доби тендерот, подизведувач беше штипски Бетон, кој се замрси во стечајна постапка, остана без работници. Компанијата беше еден од најголемите тендерски  корисници на Скопје 2014, а  се поврзуваше со Камчев и Мијалков, бизнисмени порано  блиски со ВМРО ДПМНЕ.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ја потопи оваа власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе