Апелацискиот суд во Скопје денеска го укинал куќниот притвор за Миле Јанакиески, обвинет во неколку предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство. Мерката куќен притвор му е заменета со мерка претпазливост. Информацијата ја соопшти Кривичниот суд.
Ова значи дека Јанакиески од денеска се брани од слобода во судските процеси во кои е обвинет. Првпат му беше одреден притвор на 14 ноември 2018 година.
Миле Јанакиески е првостепено осуден во предметите „27 април“ (на 6 години и 3 месеци затвор) и „Насилство во Центар“ (условна казна).
