Вести Македонија

Мицкоски: Заев треба да размисли дали има легитимитет оваа влада

Мицкоски во вечерашната Топ Тема рече дека во овој момент Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема никаков легимитет, поради тоа што истата брои само 59 пратеници, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кој во овој момент има 60 пратеници. Тој додава дека можеби ВМРО-ДПМНЕ не формирал парламентарно мнозинство поради едниот пратеник кој мистериозно исчезнал на денот на гласање, но истовремено СДСМ има 59 пратеници и тоа значи дека нема легитимитет да ја води државата и да се нарекува власт.

„За да имате целосен легитимитет во Собранието на Република Македонија, потребно е да имате 61 пратеник, односно мнозинство во парламентот. Тоа СДСМ и ДУИ во овој момент го немаат, бидејќи пратеникот Реџепи се уште не знаеме на чива страна е и кого тој всушност поддржува. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За обнова на Македонија” има 60 потврдени пратеници кои што се повеќе од оние 59 на СДСМ. Тоа значи дека Зоран Заев треба да размисли за легитимитетот на оваа Влада и дали истата е одржлива или се потребни нови парламентарни избори“, вели Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе