Македонија Топ вести

Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Град Скопје, поддржан од Левица и ЛДП/ДОМ

Ги спои функцијата советник на Град Скопје, но ги раздели  уставното име на државата. Во свечната изјава едните ја изговорија, а советниците од Левица и ВМРО – ДПМНЕ ја премолчија придавката „Северна“. 45- мината избрани советници на локалните избори не беа единствени ниту за предлогот на ВМРО- ДПМНЕ за претседател на советот.

СДСМ и ДУИ гласаа против, независните од „Зелен хуман град“ останаа воздржани,  а поранешениот министер за финансии Трајко Славески ќе го води советот со поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и двајцата советници од коалицијата ЛДП/ДОМ. Славески се заблагодари, побара единство и ги нагалси проблемите кои треба да се решаваат.

„Мнозинството“ остана само во свечната сала и на контото на личноста на Славески. На седниците ќе се гласа по сопствено убедување, велат партиите кои му ја дадоа потребната поддршка на Славески.

Поранешното мнозинство се сели во опозициските клупи. Не се согласуваат со изборот за претседател на Советот а негодуваат и за одлуката на ЛДП, ДОМ и Левица. Ќе бидат конструктивни, порачаа денеска.

Издржани проекти, а не политички реваншизам. Граѓанската иницијатива „Зелен Хуман град“ која освои двајца советници очекува единство.

Пристигна подоцна, а си замина прва. Идната градоначалничка ги избегна медиумите и кусо им се обрати на советниците.

Со 18 советнички места ВМРО-ДПМНЕ предводи во Советот. Од вкупно 45 СДСМ и коалицијата освоија 12, ДУИ 5, Левица 4, ЛДП/ДОМ – 2, и независните од „Зелен хуман град“ двајца, исто како и Алијанса со Алтернатива 2-ца. За мнозинство потребни се 23-ца советници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе