Македонија Топ вести

Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ избран за претседател на Советот на град Скопје

Трајко Славески од ВМРО – ДПМНЕ е избран за претседател на совет на Град Скопје. Три дена пред истекот на законскиот рок денеска се одржа конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје. Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, но за мнозинство во 45-члениот совет, потребни се 23 советнички места. За Славески гласале покрај советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица и двајца советници од ЛДП.

Истовремено, сите 4 советници од Левица денеска го пречкртале зборот “Северна” од името на државата во изјавите за верификација на мандатите во градското собрание.

Изборот на советниците им го честиташе и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која им посака успех во работата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе