ВМРО-ДПМНЕ нема да преземе никакви чекори кои ќе одат на штета на граѓаните, ниту пак ќе прават опструкции на bуџетот. Убедени се дека политичката криза ќе се продлабочува, а само брзи предвремени избори се излезот од политичката криза. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски смета дека секоја лидерска средба е добродојдена, но не гледа што би се разговарало на неа.
СДСМ преговара за зголемување на парламентарното мнозинство. Одлуката ќе ја соопштат другата недела.
ДУИ им верува и е задоволна од своите министри, кои според нив не треба да бидат опфатени со владината реконструкција.
Алтернатива во вторник ќе донесе одлука дали ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.
Јулијана Пешевска
