Вести Свет

Џо Бајден и Си Џинпинг со остри ставови поради Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази пред кинескиот колега Си Џинпинг неговата загриженост за состојбата со човековите права во Кина и го предупреди Пекинг да не прави „едностран обид“ за промена на статусот на Тајван, соопшти Белата куќа.

Соопштението е објавено по видео-конференциската средба на лидерите на двете најголеми светски сили, која траеше повеќе од три часа.

Белата куќа соопшти дека Бајден ја изразил својата „загриженост за практиките (на Пекинг) во Синџијанг, Тибет и Хонгконг и човековите права воопшто“.

– САД остануваат верни на принципот „една Кина“, но „силно се спротивставуваат“ на секој едностран (обид) да се промени статусот или да се поткопа мирот и стабилноста во Тајванскиот проток, истакнал Бајден.

Кинескиот претседател, од своја страна, го предупредил својот американски колега „да не си игра со оган“, работејќи за независноста на Тајван, наведува кинеското Министерство за надворешни работи.

– Тајванските власти постојано се обидуваа да добијат независност (со помош на САД), а некои во САД се обидуваат да го искористат Тајван за да ја контролираат Кина, констатирал Си Џинпинг.

Тој нагласи дека „тоа е многу опасна тенденција“ и го предупреди Бајден „да не си игра со оган“.

Според него, „Земјата е доволно голема за развој и на Кина и на САД“, додавајќи дека двете светски сили не треба да играат игри со нулта резултат.

Си и Бајден се осврнаа на „стратешки, фундаментални прашања“, а нивните разговори се опишани како „искрени, конструктивни, суштински и плодни“, објавија кинеските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе