Македонија

Опасноста од климатските промени реалност и во нашата држава

Доколку веднаш не се преземе климатска акција животот на луѓето како што го познаваме на планетата Земја нема повеќе да биде ист.

Климатските промени покрај тоа што се штетни за здравјето на луѓето, ќе доведат и до климатска миграција што дополнително ќе го комплицира животот, затоа е потребна и ефикасна промена против истите.

 “Клучните моменти во преземање на климатска акција се  делот на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија, значи силните горива да ги замениме со обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност” – вели д-р Маја Морачанинн, пратеничка и лидерка на партијата ДОМ.

Зголемување и одржување на шумите е суштинско решение  за климатските промени, доколку се има предвид загубата и деградацијата на шумските еко системи. Со урбанизацијата на Водно само дополнително се загрозува безбедноста на граѓаните, смета професорот Блинков.

 “Ако паѓа дожд на природна подлога наместо ако е шума на голем дел се ретензира во почвата. Меѓутоа ако паѓа дожд на запечатена површина каде што се градби, каде асфалт е 100 % при интензивни врнежи не може атмосферка канализација да прими таков дожд и доле ќе се поплави, а тоа не би сакал да видам”  – оценува проф др Иван Блинков, од факултетот за шумарски науки.

Главните бариери за најголемите еколошки предизвици не се само технолошки туку повеќе социјални и недостига јавно разбирање за итноста на овие прашања и секако политичка волја за дејствување.

“Според Балкански барометар и Евро Барометар само 65 %од популацијата на Западен Балкан каде што спаѓаат Македонците  наспроти 93 % од граѓаните на Европската Унија ги сметаат климатските промени за закана. Значи 65 % наспроти 90%.” – изјави м-р Дејан Андонов од институтот за комуникациски студии и координатор на кампањата “Разбистри се”

Сето ова говори за неопходноста на подигање на свеста и прифаќање на реалноста врз основа на точни и релевантни информации и подобри комуникациски практики кои ќе ги охрабрат граѓаните да преземат активности , додава Дејан Андонов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе