Одлуката за прашањето со Македонија треба да се носи врз работата и одлуките на работните групи, а не врз основа тоа како се разбудил некој политичар наутро.
Вака првиот човек на „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков, које е извесно дека ќе биде новиот мандара за формирање влада во Бугарија по последните парламентари избори таму, најави дека за да се дојде до крајно решени со Македонија мора да се направат вистински работни групи, што до сега не било направено.
„Не треба да се урне целиот процес на добрососедство со Северна Македонија и тие да бидат примени во ЕУ само врз база на еден критериум, а тоа е само историјата. Ние имаме толку многу да добиеме. Ако не излеземе со тимовите кои можат да ги осознаат и позитивните и проблематичните точки ние нема да стигнеме до крајно решение. Тоа ќе се сведе на база на работните групи, не на основа на тоа како некој политичар се разбудил тоа утро“, рече Петков.
За Петков најлошата варијанта на тема „Македонија“ е таа да се искористи за политички пароли и цели.
Истовремено тој не смета дека процесот на преговори со земјава треба да почне од почеток, но оти разговорите и од двете страни не треба да ги водат луѓе кои никогаш не учествувале во преговори, туку вистински експерти.
Сепак
Петков во интервјуото за бугарската телевизија „Нова“ во неколку наврати избегна директно да одговори дали во декември Бугарија ќе каже „да“ или „не“ за Македонија во Брисел, отфрлајќи и подлегнување на притисоци од надвор за тоа.
„Нема човек на ова планета кој може да ни крене телефон, на оваа планета, не во Бугарија, кој може да ни крене телефон и да ни каже направете го тоа затоа што јас ви го велам тоа. Единствен начин некој да не натера да направиме нешто е да не убедат дека е тоа најправилно за Бугарија. Ако не сме убедени во тоа, на друг начин не може да се влијае врз нас“, одговори Петков.
Инаку Петков во интервјуто уште еднаш повтори дека преговарачките тимов меѓу двете земји мора да бидат составени од најдобрите луѓе и тоа не само од историчари, туку и од луѓе од културата, инфраструктурата и бинзисот и оти додека не се направи тоа неме како да се каже дали двете страни меѓусебно се разбрале или не во разговорите.
Тамара Грнчароска
