Вести Свет

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел

Делегации на Белград и на Приштина денеска во Брисел ќе одржат нова рунда дијалог на ниво на главни преговарачи и експерти. Засега не се знае што ќе биде на дневен ред на разговорите ниту дали по билатералните разговори ќе се одржи трилатерална средба на двете делегации со посредниците на ЕУ.

Како што беше најавено на крајот од последната рунда од дијалогот одржана на 30 септември во Брисел, до крајот на годината на експертско ниво треба да се разговара за прашањата кои се уште се отворени од досега постигнатите договори, пред се Заедница на српските општини, јавија српските медиуми.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ од состанокот на Советот на ЕУ што се одржа вчера во Брисел, порачаа и дека нереализираните договори и неисполнетите обврски од претходните договори ќе бидат во фокусот на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе