Вести Свет

Бајден и Си се сретнаа во услови на зголемени тензии меѓу САД и Кина

Онлајн средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг заврши. По првиот дел, кој траеше речиси два часа, и по 15-минутна пауза, двајцата лидери ги продолжија разговорите. Вториот дел од средбата траеше околу еден час и 20 минути. Генерално, состанокот заврши половина час подоцна од планираното.

Во разговорите двајцата лидери беа придружувани од високи претставници. Бајден беше заедно со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан, секретарот за финансии Џенет Јелен, индо-пацифичкиот координатор во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Курт Кембел и директорот за Кина во Советот за национална безбедност, Лаура Розенбергер.

Си Џинпинг беше придружуван од шефот на канцеларијата на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија Денг Ксујанг, вицепремиерот Лиу Ха, високиот функционер за надворешна политика во Централниот комитет на Комунистичката партија, Јанг Јиечи, министерот за надворешни работи Ванг Ји и заменик министерот за надворешни работи Се Фун.

На средбата лидерите размениле мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес. Тие разговараа и за стратешки и фундаментални теми, јавија американските медиуми.

Состанокот преку видео конференција меѓу двајцата лидери се одржа во момент на зголемени тензии меѓу двете земји. Бајден го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права поврзани со Ујгурите, задушување на демократските протести во Хонг Конг, воена агресија врз Тајван и други прашања. Пекинг го критикуваше Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Кина.

Досега двајцата лидери имале неколку телефонски разговори, од кои последниот во септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе