Претседателката на Државната комисија за спречување комисија Билјана Ивановска, ја отвори денешната седница со барање до Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Да се преиспитаат обвинителско – судските постапувања во случаите каде се суди за предизвикување сообракајни незгоди со тешки последици и жртви. Членовите на ДКСК предупредуваат дека токму ниските казни кои ги добиваат предизвикувачите на сообраќајките отвораат сомнеж за корупција. како последен и најкарактеристичен пример ја посочуваат шест месечната казна за Зоран Милевски Кичеец, кој додека беше надвор од затвор за друго дело, предизвика сообракајка во која загина 32 годишен маж.
