Македонија

За само пет часа на патиштата во Полошко откриени 185 возачи кои возеле пребрзо

Полошкиот регион рекордер по бројот на санкции за возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина на патиштата. Во текот на викендот во засилената полициска контрола биле изречени дури 313 казни. Регистирани пречекорувања дури и до 100 километри на час.

За само пет часа на патиштата во Полошко во текот на вчерашниот ден откриени биле 185 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Колку за споредба во скопскиот регион биле санкционирани 109, во битолскиот 62, во велешкиот 43 возачи.

На автопатот Гостивар -Тетово – Скопје се вози и со дури над 70 километри на час повеќе од пропишаното, а брзината неретко се надминува и низ градските улици. Во двата дена од викендот биле казнети 313 возачи.

Дел од возачите како да не ги плашат казните. Прекршителите, зависно пречекорувањето, ќе треба да платат од 45 до 400 евра, а на екстремно пребрзите времено им се одзема и возачката дозвола.

Граѓаните велат дека нема никаква сообраќајна дисциплина, така што потребни се почести контроли и казни.

-Јас мислам дека треба да се монтираат радари на секој кружен тек и возачите да добиваат казни, вели еден од возачите.

Од полицијата велат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, дотолку повеќе што токму пребрзото возење било причина за 23 од тетовските октомвриски сообраќајни несреќи, а слична е состојбата и на гостиварското подрачје.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Kој е виновен за заминувањето на младите и затворање на училиштата – дуел Бочварски и Јаневска во Собранието

Дејан Дејан

Повторно ќе му се суди на таткото на убиеното девојче Вања – Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе